Tuesday, November 2, 2010

Дали Куранот е објавен од Семоќниот Создател ?













Дали Куранот е објавен од  Семоќниот Создател?                      

                    


            Во името на Аллах, милостивиот сомилосен

Рабби шухри садри, ве јесирли амри вехелел ухдетул миллисани јевкеу кеули                                Овие цитирани зборови се од величенствениот Куран  
(сурах Таха 20 ајет 25-28) во кои ајети Аллах ни кажува молбата на гласникот Муса до својот господар: Муса рече:"Господаре мој, отвори ми ги градиве, и олеснија работава моја, и одврзиго јазолот од јазикот мој   за да го сватат говорот мој!


Која е причината за цитирањето на овие зборови?
Причината е таа што: ако еден човек кој припаѓа на христијанска религија,  држи говор на муслимани, меѓу слушачката публика на муслиманите се појавува мислењето дека тој човек ќе зборува против исламот,  или во конкретниов пример, јас сум муслиман и ако некој немуслиман го чита ова мое пишување, можноста за појава на мисла од овој тип е доста голема.  Затоа и јас ја користам молбата упатена од Муса а.с. до Аллах с.в.а за луѓето кои ќе го читаат ова пишување да можат да ја сватат вистинската порака на ова пишување, да се гледа на јасен и непристрасен начин, со очи на здравиот разум, и без малку сумнеж во намерата на ова пишување.
Единсттвената причина која ме поттикна на ова пишување е: одделување на вистината од невистината, согледување и анализирање на стереотипи и предпоставки, основани и неосновани обвинувања, и тн.
Однапред се извинувам ако во текот на моето пишување повредам некои верски чувства на читачката публика, било да се христијани, евреи атеисти, муслимани,  и сите останати религии.
Сакам исто да дадам дознаење дека за секој испишан збор во ова пишување стои долгогодишна работа  на врвни исламски авторитети, како :  др. Закир Наик, шеик Ахмед Дидат, Босански авторитети како: Мухаммед Порча, Абдуссамед Бушатлич и др. и секој збор има здрав Фундамент во Куранот и Суннетот, за цитираните делови од Библијата може да се провери нивната веродостојност во Македонското свето писмо, од кое се земени податоците и во Историјата кога се работи за историски податоци.
Повикуваеќисе на изреката на Алберт Ајнштајн кој вели: наука без религија е осакатена наука,  а религија без наука е слепа религија.
Дозволете да ви дадам дознаење дека Куранот е книга, разделувач на вистината од Невистината, книга патоказ кон извонреден морал на целокупното човештво во целокупна форма, на уредуванје општествено и социално-економски односи,  книга на Знаци кои зборуваат за наука, и за се друго.  Куранот има повеке од 6000 знаци од кои повеке од 1000 знаци  јасно зборуваат за Науката, во сите можни полиња едноставно кажано Куранот е книга која е патоказ на животот, за која Аллах вели:
....и за Се потенко објаснивме...      (Сурах Ал –Араф : 12)       

Во минатото , исто така и во денешниов свет луѓето имаат недоразбирања во врска со Куранот, па изнесуваат секакви невистини, мисли, сомневања, и тн. па за таа цел ќе ги анализираме сите можности кои се припишани на Куранот и на Мухаммед с.а.в.с (мир и спас  врз него)
Пред да почнеме со анализирање на можностите за објавата на Куранот, ке го запрашаме самиот Куран да даде изјава самиот за себе од каде потекнува која е неговата цел, и до кого е објавен:





Објавувањето на Книгата, во која нема сомнение , е од Господарот на световите. Или зборуваат "Тој го измислува." Но, не! Тоа е вистина од Господарот  твој за да го опоменуваш народот кому не му е дадена опомена, пред тебе, за да се упатат.  (Ес Сеџде 32 ајет 2-3)
Ние навистина Куран објавуваме, и  Ние навистина  над него ке бдееме. (Сурах Ал - хиџр 15 ајет 9) 

Изразот во множина НИЕ е израз кој се користи во Куранот за изразување респект према Господарот на Световите. Множната е и во нашиов свет вообичаена,   имаме два видови на множина:  множина за количина, и множина за респект, кога се трудиме на некоја ценета личност да и се обратиме со почест користиме вакава форма во множина , пр. Вие професоре, или вие господине капетан и тн.

Исто така Аллах вели:   
И ви стигна од Аллах светлост и книга јасна...
Во друг ајет Аллах вели:
О луѓе , веке ви стигна порака од Господарот ваш, и лек за она што ви е во градите, и упата, и милост за верниците.

Во овој Ајет Аллах ни дава дознаење дека Куранот е испратен од Аллах с.в.а,  до луѓето, те. Куранот самиот за себе кажува кој е неговиот извор, а до кого е доставен ни кажува во следниов ајет:

Нека е узвишен Оној кој на робот свој
(Мухаммед) му објавува Куран, да на световите биде опомена...  (Сурах Ал - Фуркан 25  ајет 1) 
А која пак е целта на испракање на робот, ни кажува во следниов ајет :

Книга која ти се објавува! - Па нека во градите твои не ти се стеснува од неа за да не опоменуваш со неа, опомена за верниците.
 (Сурах Ал- Араф  7 ајет 2) 
а тебе (Мухаммед) те испративме само како милост за световите (Сурах Ал - Анбија   ајет 107) 

И за сето искажано Аллах дава дознаење и вели:                                                                     .              
Речи: Што мислете, ако е Куранот од Аллах, а вие во него несакате да верувате -  кој е тогаш во поголема заблуда од оној кој во противречности е далеку од вистината?
                              . (Сурах Ал - Фусилет 41 (ајет 52) 

Речи : Кажете ми вие мене што ке биде со вас ако Куранот е од Аллах објавен, а вие не сакате во него да верувате, и ако веќе еден од синовите израилови посведочи дека е он од Аллах, па и тој поверува, а вие се надувте,    Аллах навистина нема да укаже на правиот пат на народ кој самиот себе неправда си чини 
(Сурах Ал - Ахкаф 46 (ајет 10)
                        

                                                           


После дадените изјави од Куранот,  можеме да прејдеме на разгледување и анализирање на другите можности наметнати од страна на ориенталистите, на луѓето без доволно познавања за исламот, и луѓето кои едностано без причина одбиваат да веруваат.
Исламот како Религија егзистира од моментот кога првиот човек Адем (Адам) беше испратен на земјава, па се до ден денес и засекогаш иншаАллах, зашто го тврдиме ова, ќе образложиме во следниов текст:

Семокниот Господар, има испратено повеке објави и пратеници на оваа земја.   Сите испратени пратеници од Аллах с.в.а  пред Мухаммед с.а.в.с  беа испратени за одреден народ а објавите објавени преку нив, само за одреден временски период, целата објава доставена до пратениците е само за тоа време, еден од доказите е и цитатот од Библијата

Евангелие според Матеј 15 (ред 22-25)
И ете , една жена Хананејка, како излезе од овие краишта, повика кон него, велееќи> помилујме "Господи" сине давидов ! Ќерками жестоко ја мачи демон.<  Но он не и одврати ниту збор. И пристапуваеќи до него, учениците негови го молеа и велеа:   отпуштија оти вика по нас!      А он одговори и рече:                                                                . Јас сум пратен само при загубените овци на домот Израелев <

Исто така во
Евангелие Според Матеј (поглавје 10, - ред 5-6) се зборува за Апостолите испратени од Исус , но до кого? Согледајте сами:                                                                              .       Тие дванаесет души ги испрати Исус и им заповеда, говорејќи: по пат кон незнабошци не одете, и во самарјански град не влегувајте; а одете најнапред кај загубените овци на Израеловиот дом.

За истиов цитат во хрватската верзија на Библијата стои вака:
5. И Исус их је послао и упутио их: Не идите поганима ни Самаријанцама веч само израелском народу- Божјем изгублјеним овцама

Во Џејмс Кинг верзијата  цитатот е следниов:
5These twelve Jesus sent forth and commanded them, saying, "Go not into the way of the Gentiles, and into any city of the Samaritans enter ye not6But go rather to the lost sheep of the house of Israel.

Од ова може да согледаме дека Македонскиот превод на Библијата си земал за право цитатот да го измени па да изгледа како што сега изгледа наместо:

Веч само израелском народу  - а одете најнапред кај загубените овци...
Во секој случај пораката е јасна, и докажува дека и Исус и неговиет Апостоли се испратени само за израелскиот народ, а не и за останатиот човеков род.

Според Библијата самиот Исус тврди дека Не е пратен за сите народи, туку само за Домот Израелев, исто така и другите Божји гласници се испратени само за одреден народ , a 
објавите до нив, само за одреден временски период, тоа е и причината да се прават метафизички појави (чуда) за народот да согледа дека тој гласник  навистина е испратен од Господарот како што Исус (Мир и сапас врз него) одел по водата, лекувал слепи и лепрозни, оживувал мртви луѓе со дозвола од Аллах с.в.а и ред други чуда.





Но сите овие работи во денешно време не можат да се потврдат нити да се испитаат, нити повторат,   затоа викаме дека објавата е само за одреден временски период, што не е случај со Куранот...
Кога би посакале денес да се увериме дека Исус (Мир и сапас врз него) навистина оживеал мртов човек со одобрение од  Аллах,  не би можеле да докажеме, можеме само да веруваме на преданиата, но како би знаеле дали тие се исправни, вистинити или не???
За таа цел потребен ни е доказ, нешто што може да се испита во секое време, нешто што може да се докаже, нешто што може да користи во сите времиња.

Па да го согледаме Куранот од таа гледна точка и да анализираме, дали е случај и со Куранот како и со другите објави???
Аллаховиот гласник Мухаммед с.а.в.с   е последниот пратеник испратен од Семоќниот Господар, пратен до целото човештво, испратен како милост на световите, како што веќе напоменавме,  и  објавата испратена до него (Куранот) е испратена за сите времиња и за сите народи и за сите светови. 

Куранот вели:  
И Ние те исративме  само како милост на световите! 
(Сура Ел Енбија 21 ајет 107) 
Како и сите Аллахови гласници, почестени од Аллах со Муџиза (чудо) така и Мухаммед с.а.в.с  е почастен со Куранот кој всушност е чудото кое му е дадено на Мухаммед с.а.в.с.          

Зашто оваа објава, Куранот, е чудо?      Затоа што е потврдена да биде чудо пред 14 векови, и после 14 векови во денешно време може да се докаже,  испита  дека е чудо, и во времињата што следуваат и за секогаш!,  што уште докажува  дека е и последна објава, затоа што може да биде испитана и потврдена во сите времиња, луѓето од сите времиња можат да живеат според Куранот кој е патоказ кон вистината. кратко речено Куранот е чудо над чудата!!! 

Ние муслиманите во хадисите (искажани зборови или дела од Мухаммед с.а.в.с  бележиме и веруваме и во други чуда (Муџиза) невообичаени појави, но тие појави се за тоа одредено време и за тој одреден народ, и во денешно време не можат да се повторат нити да се докажат, како што е случај со Куранот!!! Иако некои од нив се потврдуваат во денешно време, како што е примерот со месечината:

Група од луѓе во времето на Мухаммед с.а.в.с бараат од него да им предочи чудо за да поверуваат дека он е Аллахов гласник , па посакуваат од него да ја раздели Месечината на два дела,  па ако успее ќе поверуваат,







Мухаммед с.а.в.с упатува молба до Аллах с.в.а и со Аллахово одобрение Месечината се разделува на две половини за одредено време, кога групата го видела тоа, веднаш го обвинила на Мухаммед с.а.в.с дека он е сихирбаз (маѓепсник, волшебник) Еузубиллах(Бог да чува), па поставуваат уште еден услов, и велат: Да испратиме луѓе да отидат во пустината па да ги запрашаат  тамошните луѓе, дали и тие виделе исто што и ние овде?  Така и прават, испраќаат луѓе во пустината и ги прашуваат на луѓето дали забележале нешто невообичаено,  тие одговараат дека виделе како Месечината се разделила на две половини, едната половина на едната страна од неботоа, а другата на другата страна од небото, па овие непријатели на Мухаммед с.а.в.с повторно имаат изговор  викаат  и нив ги маѓепсал (неузубиллах, Бог да чува).


Не сакаат да поверуваат во нивните очи и измислуваат секакви невистини, па се повикуваат на нивната лага, и остануваат во мракот на сомнежот.

Ова случување, се потврди во денешно време  кога Нил Армстронг направи фотографии од месечината, а една од нив  и следнава, за која фотографија Нил дава ваква изјава:
Месечината има едана линија по целата нејзина должина, па ми доаѓа мисла како некогаш месечината да била раздвоена на половина и повторно споена.

Нил Армстронг , без да има било какво познавање од животописот на Мухаммед с.а.в.с потрврдува нешто што се случили пред 14 векови.
Куранот за ова вели: Се ближи часот и Месечината се располови, а оние кога и да видат чудо главите ги свртуваат и говорат: "волшебништво постојано"   Оние не веруваат и ги следат само страстите свои, а Се, е веќе одредено..   (Ел-Камер 54 (ајет 1-3)
Куранот истотака го потврдува случувањето со што дава веродостојност од највисоко ниво за нас муслиманите,  но бидееќи не е тема на ова пишување ќе прејдеме на Куранот!

Единствена точка на коментирање меѓу луѓето, е: дека Куранот за прв пат е искажан во 6 век, во градот Мекка во Арабија, од човек чие име е Мухаммед (мир и спас врз него него) и овде завршуваат сите дискусии,  дозволете да го преставиме Куранот од друг аспект,  од аспект на вистината...
Повикуваеќисе на изворот на величенствениот Куран, може да биде базиран врз три различни извори и тоа:
1.       Првата можност е дека: Автор на Куранот е  самиот Мухаммед с.а.в.с      
Несвесно, Свесно, и под дејство на разболен мозок, не при себе. (Неузу Биллах, Бог да чува)


Ова се теории дадени од Ориенталистите, луѓе кои немаат доволно познавања за исламот,  луѓе во чии очи исламот едноставно представува варварска религија, за кои обвинувања немаат докази, те. неосновани сомневања кои му се препишуваат на Мухаммед с.а.в.с
1.       Втора можност е дека: Мухаммед с.а.в.с преземал кажувања од други луге или користел кажувања од други религии, за пишување на Куранот.

2.        Трета можност е дека: Куранот не е базиран врз извор на човечко битие. и има извор од некоја друга надприродна сила,  те. од Семокниот Господар.
Дозволете да ги анализираме сите три можности, сите три можни извори: 
Првата можност:  автор на Куранот , лично Мухаммед с.а.в.с                                                  .             Не свесно, Свесно, и под дејство на разболен Ум, не при себе.

Најдобра можност да се поништат тврдењата на една личност, било да се  научни докажувања или било какви тврдења, е  да се предизвика на докажување тоа тврдење , или да се елиминираат можности (виа негатива).

Ориенталистите токму го прават тоа кога велат дека: автор на Куранот е Мухаммед с.а.в.с  да го анализираме  ова тврдење на ориенталистите:    
Мухаммед с.а.в.с никогаш неси го припишувал себеси Куранот, во ниедна прилика не рекол дека тој е автор на Куранот, иако имал доста можности,  За факт, во секој случај вели дека Куранот е објава од Семокниот Аллах с.в.а доставена до него.           

Да анализираме еден пример:
Мухаммед с.а.в.с за себе тврдел дека е непогрешив во Говорот за Куранот, и кога ги предизвика луѓето со своите муџиза (метафизички појави) со што потврдил дека е испратен гласник од Аллах, во овој случај нему оди во прилог да го препишува Куранот на било кој друг освен себеси, доколку целта му беше да се представи себеси како автор на Куранот, ова му е одлична пригода да се круниса како Автор, со што би си ги задоволил наводните материјални потреби.  Но Мухаммед во секој сличај тврди дека Куранот е од Аллах,  дека тој е само пренесувач на објавата и ништо повеќе од тоа!

Ова е доволна причина да се отфрлат сите можни невистинити препишувања од овој вид,  но да согледаме уште една случка:

Паганите на Мекка после повеќе обиди од различни видови, за оцрнување на Мухаммед с.а.в.с доаѓаат до идејата да ја обесчестат неговата жената  Аиша р.а  за која изнесуваат лага, дека направила неморално дело со еден од Асхабите,  после одредено време оваа информација- допира и до ушите на Мухаммед с.а.в.с  а  истовремено и објавата престанува за одредено време, па Мухаммед  с.а.в.с  и Асхабите се наоѓаат во безизлезна ситуација, месец дена според некои преданија објавата прекинала, па во таа ситуација Мухаммед и приоѓал на Аиша со зборовите:  До мене допреа овие зборови, ако не си погрешила, Аллах ќе те заштити, ако си погрешила, барај опрост од Аллах.


Доколку Автор на Куранот е Мухаммед и самиот тој го пишувал,  што овде би го спречило да им ги затвори устите на луѓето и да каже дека не е така???
Но не, он чека се додека дојде објава, зашто знае дека несмее нити да помисли да каже било што и да му го препише на Аллах, а ова се потврдува во следниов Ајет
А да тој за Нас, било каков збор своеволно изнесеше, Ние ќе го фатевме за десната рака, и ќе му ја пресечевме вената што чука, и никој меѓу вас не ќе можеше да му помогне.      (Сура Ал -Хакха 69 ајет44-47)

Исто така и ова докажува дека Куранот не е Мухаммедов говор, туку лично од Аллах створителот на световите.
После месец дена слегува објава од Аллах во која се потврдува честа на Аиша па Мухаммед оди да и ја пренесе радосната вест, и и вика : Ти носам добри вести, се потврди твојата чест,  а Аиша вели: Аллах ми ја донесе радосната вест, а не ти.  Лута на благ начин, му дава дознаење на Мухаммед дека е повредена од тоа што и рекол ако си погрешила барај опрост од Аллах.

Исто така и ова е доказ повеќе дека Мухаммед с.а.в.с не е автор на Куранот, доколку би бил, зарем ќе и вели на својата жена покајсе ако си погрешила?
Секако дека Не!    ќе кажел веднаш дека тоа е лага и решен проблем.

Во едно пак предание стои дека за време на подготовките за битката на Тебук една група на луѓе побарале од Мухаммед с.а.в.с да не учествуваат на битката и ги изнесле своите образложенија, но меѓу нив имало и лицемери (мунафици) па Мухаммед с.а.в.с им дозволува да изостанат од  битката на Тебук.

После ова слегува објава од Аллах која му укажува на неговиот погрешен став:
Нека Аллах ти опрости што им дозволи да изостанат, додека не се увери кој од нив ја зборува вистината, а кој лаже.

Воопшто нема сомнеж дека Мухаммед не е авторот на Куранот, зарем ако би бил?  Самиот себе, би се опоменувал на ваков начин ?  Ова е само доказ дека извор на Куранот е Аллах с.в.а

така што оваа можност се отфрла како неоснована, и лажна !!!


Друга и нај ниската работа која, Ориенталистите му ја препишуваат на Мухаммед с.а.в.с         .    е,   дека лажел. (Неузу Биллах, Бог да чува).   

Пред да му се достави објавата, Мухаммед с.а.в.с уште во младите години бил пример за извонреден морал, што покасно го добива епитетот (Ел Емин) што значи чесен, поштен, доверлив чвек, оваа титула му е дадена од граѓаните на цела Мекка, дури бил повикуван и од соседните градови да ги решава споровите меѓу луѓето, и за секоја негова одлука луѓето биле задоволни, зашто знаеле дека е чесен  и нема да пресуди погрешно, или да гледа интереси, дури и од страна на евреите во тогашно време е поддржан овој епитет со кој е почестен Мухаммед с.а.в.с   (Ел- Емин)

Дури и неговите непријателите  кога склучувале договор за некоја работа со него, тврделе дека Мухаммед а.с. нема да го изневери склучениот договор, дури и тие што го нарекувале лажго, тврдат дека тој не лаже, тврдат дека е  (Чесен) покасно дури и тие тврделе дека Куранот е објава од Семокниот господар и дека Мухаммед с.а.в.с е гласникот испратен од Аллах џ.ш.

Доколку нешто од ова искажано не е вистина, тоа сигурно Историјата би го забележала, бидееќи во тогашно време имало поголем број непријатели на Исламот и Мухаммед од било кога, па оние не би седеле со скрстени раце на ваков предизвик, секако дека се обиделе на разни начини да ја искриват вистината, но анализираеќи ги денешниве примери ке се согледаат и тие во минатото.
Па дали, лице со вакви предиспозиции би лажело за една така голема работа???
Историјата го потврдува тврдењето дека Мухаммед а.с  бил Ел Емин. (Чесен)
Според тоа и ова можност се одфрла како неоснована и лажна.

Трета работа која, Ориенталистите му ја препишуваат на Мухаммед с.а.в.с е: Мухаммед тврди дека е божји гласник, и му го препишува Куранот на Семокниот Господ, за свои лични бенифиции, за материјални придобивки.

Во потполност се сложувам со ова мислење, има многу луѓе кои себеси се нарекуваат гласници од Господарот, за да се здобијат со слава, богатство углед и ред други работи, најчест случај со вакви појави е Индиа.

Но дали Мухаммед с.а.в.с имал вакви намери, дали имал вакви особини ???
Мухаммед с.а.в.с уште пред да ја добие објавата, пред да биде Божји Пренесувач на објавата, ги поседувал сите материјални потреби. Бил оженет за богата жена трговка од Мекка, по име Хатиџа, 15 години пред да ја добие објавата.

А откако ја добива објавата живее уште поедноставен живот, Според хадисот:


Ријад-ас-салихин, хадис бр. 192 Хатиџа вели: два месеци незапаливме оган во нашата куќа затоа што некористевме храна која треба да се кува.

Мухаммед с.а.в.с јадел само нај неопходна и најобична храна, некогаш пиел само млеко кое му било давано од сограѓаните, оваа не е само постапка на Аллаховиот Гласник, туку е начин на живот кој го практикува, покрај удобностите и материјалните блага кои ги поседувал.

Повикуваекисе на хадисите од
Ријад-ас-салихин хадис бр. 465 - 466 се вели:  Кога и да примеше подарок од луѓето, го подаруваше на сиромашните луѓе и никогаш не задржувасе нешто за себе.
И уште безброј други Хадиси кои потврдуваат дека целта на Мухаммед воопшто небила да придобие овосветски материјални блага, неги задржувал подароците за себе, живеел нај едноставен живот, користел само тоа што е неопходно, своето богатсво го делел на сиромаси, исто така и нас не подучи дека во исламот е забрането беспотребно и прекумерно расфрлање на материјалните добра кои ги поседува човекот,било дасе негови или стекнати од наследство, дозволено е дасе троши онолку,за колку се има потреба, ништо повеке од тоа.

Од ова може да се согледа дека целта на Мухаммед е да го усоврши Моралот кај луѓето а не себеси дасе збогати со материјални добра.

 Но има (ајет) во куранот каде што се поништува ова сомневање, и вели:
Тешко на оние кои пишуваат книги со рацете свои за потоа да речат : „Ова е од Аллах"- за да прибиват малку корист; и тешко на оние кои со својата рака пишуваат такво нешто, и тешко ним кои на таков начин печалат!

Со овој ајет од Куранот се отфрлаат сите можности дека Мухаммед с.а.в.с      лажно себеси се нарекува Божји Гласник и дека Куранот е објава од Аллах с.в.а.  за да придобие лични бенифиции со тоа, или материјални добра.   Исто така нему оди во прилог,  доколку „самиот го пишувал Куранот“ да пишува вакви Ајети со кои самиот за себе кажува дека таквите ке бидат строго казнети.
И оваа можност исто така се одфрла како лазна и неоснована!

Има и друга теорија која исто така му се наметнува на Мухаммед с.а.в.с  и тоа дека:  Себеси се нарекува Пејгамбер, а Куранот му го препишува на Аллах с.б.а  за да се здобие со слава, моќ,  да се здобие со водство на Мекка.

Како прво да разгледаме кои се особинете на личност која посакува слава, водство на држава или други бенифиции од овој вид ?  


Особините на ваква личност се: дека се убаво облечени, јадат убава храна, живеат раскошен живот, имаат големи и убави дворци, или палати, пред нивниот дом има стражари кои ги чуваат , горди се на самите себе, се одликуваат по лош морал, не ги ценат луѓето како луѓе, бараат покорност на нивните личности и тн.

Што од ова поседувал Мухаммед с.а.в.с?
ја подарувал дури својата облека на сиромави луѓе, сите подароци нему дадени ги делел на сиромавите луѓе, своето богатсво го трошел за да им помога на луѓето, во тоа време бил уникатна личност на едноставен и хуманитарен човек, живеел во најобичен дом, никогаш небил горд на
Арапите иако самиот е Арап, или на Курејшиите, нокогаш не кажал дека Арапите или Курејшиите се најдобри луѓе, туку рекол:

Најдобари меѓу верниците се оние со најдобар морал. А најдобри меѓу нив се оние кои се најдобри со своите сопруги.

Сето ова докажува дека Мухаммед с.а.в.с е далеку над лагите кои му ги препишуваат.
Еден преставник од Паганските Авторитети, познат по добра моќ во Мекка по име Удба,  му се обраќа на Пејгамбер Мухаммед с.а.в.с  со зборовите:

Ке ти дадеме сеа што ќе  посакаш, целото богатсво што го имаме во Мекка, ке те направиме Крал на Мекка! Единствено што посакуваме од тебе е да се откажеш од тврдењето дека има еден Бог и дека ти си негов пратеник.

А Мухаммед одбива да се откаже од пораката на Аллах с.в.а. преку Сурах Фусилет 41 . и уште многу обиди следуваат од паганите да го убедат на Мухаммед да се откаже од пораката од Аллах. Една од нив е  и преку неговиот миџо (чичко) Ебу Талиб, кого паганите го користат  како посредник, мислееќи дека тој ке го убеди  да се откаже од пораката и му велат: Нека се откажи од Пораката од Аллах с.в.а   ке го направиме најбогатиот и нај угледниот човек во Арабија, ке му ја дадеме власта на Каба, ќе го направиме најмоќниот владетел на Мекка,  на ова  Мухаммед с.а.в.с   одговара:

О мој Миџо(чичко) дури и да ми го стават Сонцето во мојата десна рака, а Месечината во мојата лева рака, Не би се откажал од Аллаховата порака доставена до мене!!!

Зошто човек би се ставил себеси на страдање и на измачување кога му се нудат вакви можности?      доколку посакувал слава и богатство, ова му беше одлична шанса да се здобие со „посакуваните цели“ требало само да се одкаже од пораката и да прифати да биде лидер на Арабија.  Но Мухаммед одбива секакви подароци во замена за пораката од Аллах, со што подоцна го предизвикува гневот кај паганите на Мекка, па тие наредуваат Мухаммед да биде каменуван, да биде осрамотуван пред целокупната јавност.

Мухаммед с.а.в.с претерпува секакви измачувања и увреди  само не се одкажува од пораката доставена до него.


Според ова и оваа можност се одфрла како лажна!

Некои од Ориенталистите кажуваат и друга теорија, дека Мухаммед с.а.в.с  пател од Метоманија (ментална болка кај лугето, кога некој човек ке каже некоја лага и потоа верува во таа негова лага, како вистина)

Оваа група на луге кога се лечат на психијатар, лекарот им поставува прашања за таа лага што ја тврдат и по одердено време кога се држат подолго време на факти се откажуваат од лагата.  
На пр. Ако еден човек рече: Јас сум крал на Британија, психиатарот го прашува: ако си Крал на
Британија, каде ти е кралицата? тој одговара: Ја нема повеке, умре пред.... било кое време. Каде ти се министрите? тој одговара и тие умреа. Каде ти е обезбедуванјето?

Во моментот кога подолго време се држи метоменијак на факти, тогаш тој се откажува и вели: па можеби... , не сум крал на Британија.

Ако го ставиме Мухаммед с.а.в.с   во оваа група на луѓе, би се докажало на првото прашање дека Мухаммед с.а.в.с  не е метоменијак, затоа што целиот Куран е прашања и одговори со факти, може дасе постават илјадници прашања а Куранот да одговори на тие прашања, Мухаммед с.а.в.с во целиот негов живот му биле поставувани прашања од луѓето и тој им одговарал.  После ова се заклучува дека
Мухаммед с.а.в.с не пател од метоманија , туку луѓето кои ја поставуваат ова теорија патат од метоманјиа, затоа што тие кажуваат лага за Мухаммед с.а.в.с дека лажел, и потоа веруваат во таа нивна лага!!!

Па исто така и оваа можност се отфрла како неоснована
.

Некои пак даваат друга теорија: „Религиозна илузија" дека Мухаммед с.а.в.с   Куранот го пишувал под некоја илузија, велат дека бил луд, (Неузу Биллах, Бог да чува.)

Дозволете да го анализираме и ова припишување на Мухаммед с.а.в.с   
личност која пати од  религиозна илузија, ако е луд... ?

Куранот е објавуван во долг временски период, не е објавен од еднаш, објавиван е во период од 23 години, дел по дел.     Ако личноста која го пишува е под дејство на религиозна илузија     (луд), не би можел константно 23 години да биде луд и да пишува, нити пак неговата илузија би можела да трае 23 год, нити пак луѓето би го следеле ако бил луд, замислете цела Арабија а подоцна повеќе од 1 милјарда луѓе да следат луд човек....


Ова се научни испитувања на луѓе од овој вид, и научниците тврдат дека оваа религиозна илузија која се појавува кај луѓето, трае само краток временски период, што докажува дека Мухаммед с.а.в.с не бил под дејство на Религиозна илузија.

Постојат многу факти во Куранот кои можат да го поништат ова тврдење на Ориенталистите кои му го препишуваат на а Мухаммед с.а.в.с.

Во Куранот постојат многу историски факти, за кои факти никој во времето на Мухаммед а.с не знаел. Постојат многу научни факти кои се откриваат дури во денешно време, после 14 векови, кои ќе ги напоменеме во текот на ова пишување.   .  Невозможно е да се кажуваат факти и податоци од  нездрав разум од луд разум.

Аллах с.в.а    знае што се може да му се наметне на Пратеникот па вели:

Не размислуваат ли ? Другарот нивнин
(Мухаммед) не е безумен. Он е само опоменувач јасен!              .   (Сурах Ел Араф 7 ајет 184)
 ...ти не си (Мухаммед), со благодатот на Господарот твој ,луд,    (Сурах Ел Калем 68 ајет 2)
 ...па, другарот ваш (Мухаммед),  не е луд!    (Сурах Ет Таквир 81 (ајет 22)

Куранот може да го поништи секое тврдење дека автор на Куранот е било кој освен Аллах с.в.а
Ако некој од читачката публика има нова теорија слободно неками даде дознаење, и ќе ја анализираме и таа теорија, на насловната страна на ова пишување има адреса на која може да се достави новата можност.

Втората можност е дека Мухаммед с.а.в.с  копирал од други религиозни скрипти или од други човечки извори.

Еден историски факт е доволен да  докаже дека ова тврдење е грешно: и тоа е дека Мухаммед с.а.в.с незнаел да чита и да пишува! па како може личност која не знае да чита и да пишува да напише ваква книга како сто е Куранот ?    Куранот го потврдува тоа и вели:

Ти пред неа не кажуваше ниту една книга, а не ја пишуваше ни со твојата десна рака... во овој случај ќе се посомневаа оние кои навистина зборуваа....
(Сурах Ел Анкебут 29 ајет 48-49)
Во овој ајет Аллах с.в.а ни кажува дека пред Куранот ниедна друга книга не кажувал Мухаммед, и во овој случај се отфрлаат лажните препишувања на Мухаммед с.а.в.с дека копирал од други религиозни скрипти.  Аллах с.в.а  знаеше дека луѓето ќе расправаат за изворот на Куранот па затоа одбра последниот Гласник да биде човек кој не  знае да чита и да пишува, за луѓето да не се сомневаат, или тие што се сомневаат да немаат факт да докажат дека Куранот го пишувал Мухаммед с.а.в.с

Па Аллах џ.ш. вели:





Објавувањето на Книгата, во која нема сомнение , е од Господарот на световите. Или зборуваат "Тој го измислува." Но, не! Тоа е вистина од Господарот  твој за да го опоменуваш народот кому не му е дадена опомена, пред тебе, за да се упатат.  (Ес Сеџде 32 ајет 2-3)

Но дури и да знаел Мухаммед с.а.в.с  да чита и да пишува, дури ни тогаш не би можело да се докаже дека  Тој го пишувал Куранот, затоа што Куранот е различен од сите други религиозни книги. Куранот него содржи во себе типичниот човечки стил на пишување, како приказна.        
Како почнува една приказна ???  На почетокот живееа,  беа... и тн.

Слично како што е случајот со Библијата: 
На почетокот Бог ги создаде небото и земјата и .....
Куранот не ги содржи во себе овие особини, и затоа е различен од сите други религиозни скрипти, за факт ако читате некои религиозни скрипти ке забележете дека содржат типичен човечки стил, зборуваат за одредена личност, за неговиот живот за неговата фамилија и тн. и контексот следува по ред, поглавје 1 потоа 2,3 и тн.

И Куранот зборува за животот на некои личности, но не во човечки стил., Куранот има свој уникатен стил, и е уникатна книга.

Луѓето кои неможат да докажат дека Куранот е пишуван од човечко битие, велат дека Куранот е "измислица".     Ако е измислица, тогаш кажетеми една единствена измислица во Куранот?        и остануваат без зборови!                                                                     

Има и таков тип на луѓе кои веруваат во нешто за кое нешто немаат ниту факт нити пак причина, и се бламираат себеси правееќиго тоа.
Како на пример: Ако некој човек каже за некоја одредена личност, дека таа личност е мој непријател, без да има некаков доказ или причина! и односот на тој човек спрема таа личност е непријателски, и ако по чиста случајност се сретнат  и поради однос на тој човек према таа личност, таа личност го избегне или несака да разгоара со него, тогаш тој човек  се самозадоволува и вели:  ви реков дека тој човек е мој непријател.

Значи луѓето веруваат во нешта за кои немаат нити основа нити причина, и се омаловажуваат себеси, само за да бидат самозадоволни, едноставно кажано Робови на своите чувства.
Куранот вели дека објавата оди во паралела со причина, Некои луѓе велат дека старите скрипти се поверодостојни и имаат поголема причина.
Ако старите скрипти имаат поголема причина, кажетеми како може да се докажат која од нив е вистинита која е лажна?
За факт Куранот е извонредна причина, извонредна дискусија!  Многу муслимани велат дека треба да се избегнуваат религиозни дискусии, треба да се избегнува да се влегува во дијалог за религијата!    но во тоа се лажат.   Куранот вели:      Повикувај кон патот од Господарот твој, и со мудрост и со ука добра. И расправај со нив на најдобар начин! Господарот твој , секако, најдобро го познава оној кој скршнал од патот Негов. Он најдобро ги знае упатените!  (Сурах Ен Нехел 16 (ајет 125) 

Во овој ајет Аллах с.в.а ни кажува дека секој еден муслиман треба да повикува на патот на вистината колку е во негова моќ,  со убав говор со мудрост, и на најдобар начин, ни кажува дека треба да дискутираме со сите Немуслимани  кои не ја знаат вистината за Куранот и да им дадеме дознаење за таа вистината.

Но ова  не е чудо, ако внимателно го читаме Куранот, ке забележиме дека зборот
КАЛУ (тие рекоа) е спомнат 332 пати  исто така и зборот КУЛ (речи) спомнат е 332 пати. Ова ни дава дознаење дека Куранот ни препорачува дискусиа.

Исто така има луѓе кои велат дека: Мухаммед с.а.в.с    копирал од Библијата.
Да ја анализираме и оваа можност:

Еден историски факт е доволен да докаже дека и ова препишување  е невистинито,  е фактот дека Мухаммед с.а.в.с незнаел да чита и да пишува!    Но за луѓето за кои овој факт не е доволен,  Куранот вели:     
оние кои го следат гласникот пејгамбер, кој не знае да пишува и да чита, кого го наоѓаат заведен кај нив - и во теврат и во инџил и кој им наредува добро и им забранув зло.....
         (Сурах Ел Араф 7 ајет 157) 

Овој ајет од Куранот вели дека Мухаммед с.а.в.с  кој не знае да чита и да пишува, е заведен и во Библијата,  во Стариот завет и  во Евангелијата.  

Ако ја читаме  Библијата во
Книгата на пророкот Исаија 29 (ред 12) се вели: И му ја даваат книгата на оној кој не знае да чита, и велат: >прочитај ја< и тој одговара  > Не знам да читам.< Куранот вели дека Мухаммед е спомнат во Библијата, и ако ја отворите Библијата навистина е таму, па како препишувал Мухаммед с.а.в.с кога и Библијата го наговестува дека ќе биде Божји пратеник ???? Мухаммед  с.а.в.с Беше со зборовите ИКРЕ (учи,читај) а Мухаммед одговара: МА АНА БИ КАРИ (незнам да читам)   Точно како што се вели во пророштвота на Библијата, па како може да тврдат дека Мухаммед копирал од Библијата кога Библијата зборува за Мухаммед с.а.в.с  дека ке биде Божји гласник?   Уште еднаш неосновано и невистинито е и ова препишување !!
За оние кои стариот завет не е од голема важност еве цитат од Евангелијата, во кои Евагелија по име се спомнува Мухаммед с.а.в.с
Но јас вистината ви ја кажувам: подобро е за вас јас да си отидам, оти, ако не си отидам, Утешителот нема да дојде при вас; ако, пак, заминам, ќе ви го пратам  (ред 8)  А он кога ќе дојде ќе го изобличи светот за грев, и за правда и за суд.  А кога ке дојде Он, Духот на вистината, ќе ве упати во секоја вистина; но од себе нема да зборува, а ке говори што чуе, и ке ви ја каже иднината.  (Евангелие според Јован 16   ред7 ) 

Исус во овие редови зборува за Духот на вистината кој ќе дојде, зошто ако тој не отиде, Утешителот нема да дојде при луѓето...   и тој ќе ја кажува вистината и нема да говори од себе, ќе говори тоа што ќе чуе... и ако за овие зборови ги прашаме христијаните, за кого се зборува? 
Без двоумење одговараат, за Светиот Дух!                          Но дали Исус вели така?

Исус вели: ако јас не отидам, Утешителот нема да дојде при вас, а Светиот Дух веќе бил на земјава, повикуваеќи се на на кажувањето од Библијата, за раѓањето на Исус се вели : дека
Светиот дух ја осена Марија и таа забремени. Библијата вели дека Светиот Дух веќе бил на земјава, а Исус вели дека ако не отиде Духот на вистината нема да дојде, што кажува дека ова пророштво не се однесува на Светиот Дух, туку на Духот на Вистината.

Исто така во горецитираниот дел од Библијата се вели дека: но од себе нема да зборува, а ќе говори што чуе, и ќе ви ја каже иднината.  Денес е повеќе од јасно дека Светиот Дух на никој до сега не се обратил преку говор, не се обратил на луѓето како што се вели во горенаведениот цитат: дека ќе го изобличи светот за правда, ќе ја каже вистината, според основни познавања од Библијата јасно е дека според поголемиот дел од Христијанската популација, светиот Дух е еден од „Светото Тројство” па според тоа неможе он да зборува што ќе чуе, од кого ќе чуе? Самиод од себе?  или ???

Цитатот од Библијата вели дека ќе зборува!  До сега нема христијанин кој тврди дека Светиот Дух му прозборал, па од тука се заклучува дека пророштвото за кое се зборува во Евангелие според Јован не е Светиот Дух,
туку Духот на вистината
Но кој е духот на вистината?

Не сите знаат Грчки, затоа што старите скрипти на новиот завет се пишувани на Грчки јазик, затоа ќе го образложиме и зборот
Духот на вистината,  користен во Библијата,  е Параклетос кој пак збор е корумпирана форма од зборт париклетос , ако овој збор го преведиме на Македонски јазик ќе биде : Некој кој е фален, или Некој кој е достоен за фалење  а  ако пак  сето ова се преведе на Арапски ке биде:
Некој кој е фален = (Мухаммед) 
А некој кој е достоен за фалење = (Ахмед)
Елхамдуллилах и двете од овие имиња, се имиња на Аллаховиот гласник Мухаммед с.а.в.с     што кажува дека и по име Библијата зборува за Мухаммед     

Има уште многу  наговестувања едно од нив е и:
 Мојсеј вели:  хи куму митеким ви кулли Мухаммедим зејдуди ве зејран бејне јерусалим  Книга Песна над песните 5 (ред 16)

Ова е еврејска котација која вели:  
устата негова - сладост, и целиот тој е пожелен. Ете кој е мојот возљубен ете кој е пријателот мој, ќерки ерусалимски

Во Еврејсакта Библија за која се тврди дека е најстарата и најизворна предаја, стои името
Мухаммед но со придавката им која е придавка за Респект. Како што напоменавме за видовите на множина: количина и респект, така и  во евресјкиот јазик Елохим, Елох се мисли на Господ,и придавката им за респект  Во Македонската Библија тоа го преведиле какао, целиот тој е пожелен. Но во еврејската Библија стои точно името МУХАММЕД за кое име Евреите немаат ништо против и така го бележат во своите записи.

Повторно доаѓаме до заклучок дека Мухаммед неможел да копира од Библијата кога самата Библија зборува за Мухаммедовото пророштво на земјава.
Во  Исаија пак се вели: 21-13 Пророштво за Арабија. - Во гората арабиска ноќевајте, каравани дедански. Жители на темајската земја, носете...

И целото ова поглавје објаснува како една група на верници ке бидат прогонувани, па ке дојдат во Абесинија и тн. Точно тоа што подоцна им се случува на првите муслимани кога се прогонати од Мекка, па тие наоѓаат склониште во Абесинија кај, Абесинскиот крал и тн.
Исто така има и историски факт кој вели:

Стариот завет на Арапски јазик за прв пат е објавен од страна на Р. Саадиас Гаон во 900 година. Повеке од 200 години по смртта на Мухаммед с.а.в.с    А Новиот  завет објавен за прв пат на Арапски јазик е од страна на Ерпениус во 1616 год. повеке од 1000 години по смртта на Мухаммед с.а.в.с.    Па како можел Мухаммед  да копира од нешто што не постоело во негово време ???
Крајно неосновано и лажно е и ова тврдење!

Се сложувам дека има исти работиза за кои  Библијата и Куранот зборуваат, но тоа не значи дека Куранот копирал од Библијата.  Тоа значи дека имаат ист извор, а разликата е во тоа што едната објава е зачувана во оригиналност и е уникатна а другата е изменувана, манипулирана, со којзнае колкав број на верзии и тн. сите објави од Аллах с.в.а имаат иста порака Монотеизам, верување во еден Бог.
Ако за некои сличности на Куранот и Библијата речеме дека Куранот копирал од Библијата ќе биде грешно, затоа што тоа ќе значи дека и Исус а.с. копирал од Стариот завет!  Затоа што има многу работи кои ги пишува во стариот тестамент и истите тие работи во целост ги има во Евангелијата.
Но и на ова ако прогледаме низ прсти и за увид на аргументи, за момент ќе се сложиме со  теоријаta , дека Куранот е копија од Библијата.

Да  анализираме некои примери: Библијата во првата книга Битие вели дека Господ универзумот га створил за 6 дена, кои дена имаат период од 24 часа. Куранот за ова, иако на прв поглед изгледа слично, ако се анализира разликата е црно и бело. 

Куранот на повеќе места зборува за створувањето на универзумот, пр. во
Сура Јунус 10 (ајет 3) Аллах с.в.а универзумот го создаде за 6 дена (периоди) Арапскиот збор користен во Куранот за ден е: Ејјам  кој е множина од  ден , и има исто така значење на долг времески период.

Научниците за ова кажување на Куранот немаат никаков приговор, но за тоа што вели Библијата за нив е не прифатливо,  за време од 6 дена кои  имаат времетраење од 24 часа, дека може да се оформи целиот Универзум.  Библијата дава и други невозможни работи кои не се сложуваат со науката, едно од нив е дека: земјата со сите нејзини растенија (вегетација) била створена во третиот ден, а на четвртиот ден Господ ги створил Сонцето и Месечината! 

Па како може да се развие вегетација без да има сончева светлина и топлина??? 
После ова кажетеми како Куранот  копирал од Библијата?  дури и чудо неможе да биде, затоа што

Куранот во потполност се сложува со Науката, а Библијата е во Контрадикторност со Науката.
Но има и друг тест : елиминирање на алтернативи (на можности). Дај да го ставиме Куранот и на овој тест:  Куранот вели дека е објава од Семокниот Аллах с.в.а!        Ако не е,   тогаш што е?               
Вие ги давате алтернативите...      
Некои велат дека е рачна творба на Мухаммед с.а.в.с. ова го елиминиравме, го докажавме дека не е вистина. 

Други пак велат дека Мухаммед с.а.в.с лажел за да се здобие со материјални блага, и ова го елиминиравме, докажавме дека не е вистина.
Која можност да ја дадете, дај да ја ставиме на тест.
Куранот е книга!   Од каде доаѓа таа книга?
Куранот вели дека е од Аллах с.в.а
Куранот вели: ...Книга која се објавува од Аллах ,Силен и Мудар! (Сурах Ел Гашие 45 ајет 1-2)      Ова кажување Аллах го повторува во повеке ајети: Сурах 6 (ајет 19)    Сурах 6 (ајет 92)   Сурах 20 (ајет 113)  Сурах 32 (ајет 1-3) Сурах 36 (ајет 1-3)   Сурах 39 (ајет 9)   Сурах 55 (ајет 2)    Сурах 76 (ајет 23) . Во сите овие ајети Куранот вели дека е објава од  Аллх с.в.а !!!      Ако не се сложувате, тогаш кажете кој би можел да биде изворот на Куранот?          

Научниците, интелектуалните општества, имаат  друг изговор:    Ако некој им рече дека има нова теорија, тие велат дека немаат време да слушаат.  Имаат и причина за тоа, и велат: Ако имаш нова теорија, дали имаш начин, (тест) да се докаже грешна таа теорија? 
Ако немаш начин да се докаже грешна тогаш како ќе знаеме дека е вистинита таа теорија, и затоа велат немам време за губење.

Тој тест , начин за докажување на точноста на една теорија се вика фалцификат тест, ова е причината што Алберт Ајнштајн кога ќе дадел нова теорија, со неа давал и начин на кој може да се докаже грешна таа теорија, и дава 3 начини, тестови на фалцификат, и вели: направетеги овие тестови на мојава теорија и ако еден не задоволува тогаш мојата теорија е грешна. Ако ги исполнува сите три услови тогаш мојата теорија е факт (вистина) Научниците на нашиов век, после 6 годишно испитување на теоријата за
фалцификат тест, на Ајнштајн потврдуваат дека оваа негова теорија е точна, и применлива.      

Ова не значи дека Алберт Ајнштајн е извонредна личност! туку дека заслужува да биде слушнат.                        Па да го ставме Куранот на овој тест:

Куранот има повеќе вакви Фалцификат тестови, но дали е тоа случај и со другите религиозни книги.  Ако некој од вас после овој прочитан текст, прави (Дава) влезе во дискусија со некои луѓе од друга религија, нека ги праша дали имаат начин да ја докажат нивната религија грешна?      верувајтеми, јас сум пионир во оваа област,   но,   во долгогодишното искуство во повикување  на Аллаховиот пат, на врвни исламски авторитети,  ни еден човек не дал начин за докажување на неговата религија. Ниедна религија освен исламот, не го поседува овој фалцификат тест.

Куранот има многу вакви тестови кои можат да го докажат  дека е вистина дека е збор од Семоќниот Аллах с.в.а  некои од тие тестови се само за времето на Пејгамберот с.а.в.с    а некои се за сите времиња, за секогаш. Дозволете да ви дадам неколку примери: Пејгамберот Мухаммед с.а.в.с  имаше чичко по име Ебу Лехеб, кој беше негов најголемиот непријател, кога и да зборуваше Мухаммед с.а.в.с со некој човек, во моментот кога Мухаммед с.а.в.с ќе се разделеше од тој човек, Ебу Лехеб веднаш одеше кај тој човек и го прашуваше:   што ти рече Мухаммед???

дали ти рече:  ден?    -    Не!  ,  ноќ е!
дали ти рече бело?    -    Не! , црно е!   Тој лажже, измислува и тн.
Секогаш им зборувал на луѓето спротивното од тоа што им велел Мухаммед с.а.в.с
А  Куранот има цела Сура во која се вели:

Нека пропаднат рацете на Ебу Лехеб, и тој пропадна! Не му вредеше имотот негов, и она што го спечали. Ќе се пржи во огнот преполн со пламени, и жената негова која дрва носи. На вратот нејзин ќе биде обесено јаже од пламен! 
( Ел Лехеб  111 ајет 1-5)

Оваа Сурах од Куранот индиректно кажува дека Ебу лехеб и неговата жена, никогаш нема да прифатат ислам, никогаш нема да постанат муслимани и заради тоа што нема да прифатат ислам кога пред очите нивни е голем доказ, гледаат јасен опоменувач и неговите муџиза и не веруваат дека е гласник од Аллах с.в.а, па затоа ќе се пржат во огнот и двајцата. 

Оваа Сурах е објавена 10 години пред смртта на Ебу Лехеб,  и сега..,   Ебу Лехеб кој секогаш зборуваше дека Пејгамберот лаже , дека не е испратен од Аллах с.в.а   му е дадена можноста да го докаже тоа!                                  Како да го докаже?             

Доволно е да речеше само дека е муслиман, дека прифаќа ислам!

Требало само да рече, не требало нити да изгледа како муслиман нити да верува само да рече дека е муслиман,и  ке го докажеше Куранот грешен, ќе докажеше дека Мухаммед с.а.в.с лаже, ке докажеше дека Куранот  е лага, затоа што во куранот пишува дека Ебу лехеб ќе се пржи во огнот, никогаш нема да прифати ислам.   

Но ни тоа не го направи Ебу Лехеб. Замислете колку лесно можел да докаже дека Куранот не е  Божји збор.     Дали може нокоја човечка личност да напише ваква работа во својата книга 10 години пред смртта на еден човек, и тој човек да неможе да го поништи тој факт?   
Уште еден факт повеќе дека Куранот не е од Мухаммед а.с  туку е од Семоќниот Аллах с.в.а!!!
Друг фалцификат тест има во: Сурах Ел Бекара 2 (ајет 94-95)

Кажи: "Ако куќата ахиретска е само за вас наменаета, а не и за другите луѓе, тогаш, ако сте искрени посакајте да умрете,"  А нема да посакаат никогаш заради она што го направија рацете нивни. А  Аллах ги знае зулумќарите!

Овој ајет е објавен за дискусијата помеѓу евреите и муслиманите во тогашно време, кои тврделе дека:  Рајот е наменет само за нив, само за евреите и за ниеден друг народ освен нив. Куранот вели: Ако сте искрени тогаш посакајте да умрете, ако, Рајот е само за вас тогаш посакајте да умрете и одете во рајот... 

Куранот продолжува:   
А нема да посакаат никогаш!  Потврдно кажува!  

И  во овој случај им е дадена можноста на евреите да докажат дека Куранот  не е збор Божји,    колку лесна задача?... само да речат дека ќе посакаат да умрат!!! но ни еден од нив, ама баш ни еден евреј не рекол дека ќе посака да умре!!!    Уште еден Фалцификат тест, кој го докажува Куранот дека е збор од Аллах с.в.а

Но сега, размислувате дека овие примери се само за тоа време, не можат да се докажат во денешно време! Дали Куранот има Фалцификат тест кој може во денешно време да  докаже дека е збор од Аллах с.в.а?

Куранот има Фалцификат тест кој може да докаже дека е Божји збор и во денешно време, и во идно време, и за сите времиња!!!
Многу луѓе зборуваат дека Куранот е само празни зборови или дека е лага или ред друг и работи . 
  А  Куранот им одговара на сите луѓе од еднаш:  

Кажи:"Кога би се збрале и џиновите и луѓето да донесат нешто што ке биде слично на Куранот , не ќе можат да донесат ништо слично нему, па било да се помагаат еднисодруги." Сурах Ел Исра 17 (ајет 88)
Ова е предизвик упатен до сите луѓе на земјава кои не веруваат дека Куранот е објава од Семоќниот Господар, предизвик на кој сите луѓе можат да одговорат и да  си ги решат сомневанњата во врска со Куранот. Толку е лесно!!!!
Нека се соберат сите заедно и нека донесат нешто слично на Куранот!!!
Куранот вели дека е, Најдобрата Арапска литература достапна на лицето на земјава, како за муслиманите така и за немуслиманите, Арапскиот јазик на Куранот е толку чист, толку размислувачки, извонреден, супериорен, чудесен! не избегнува во ниту еден случај од вистината, во едно е и најдобра реторика, еден ист ред од Куранот, може да убеди и едноставен човек со мало сваќање, размислување,   и  човек со високо размислување.  Ако вие мислите не, е!  Тогаш одговорете  на Предизвикот, донесете доказ!!
Истиот предизвик Аллах с.в.а го објавува и во сурах Ет Тур 52 (ајет 34) каде вели:     Па, нека донесат говор сличен ако сте искрени навистина!

Па Аллах с.в.а го прави тестот да биде полесен за луѓето и вели:
Или, пак, ке речат: "Тој го измисли." Кажи: "Па донесете десет измислени суриња, слични на неговите и повикајте кого можете -  освен Аллах- ако сте искрени." (Сурах Худ 11 ајет 13) 

Но Аллах с.в.а уште повеќе го олеснува овој тест за лугето и вели:
Или, пак, зборуваат: "Тој го измисли." Кажи: Тогаш, донесете едно суре слично нему, и повикајте ги оние кои можете, покрај  Аллах ако сте искрени."  (Сурах Јунус 10 ајет 38)


Аллах продолжува и во Сурах Ел Бекара, го олеснува уште повеќе овој тест!

Ако сте при сомневање до она што е објавено до робот Наш, тогаш, донесете едно суре што ќе биде слично на нему објавените , и повикајтеги за сведоци оние на кои , освен Аллах, се повикувате доколку вистина зборувате. 24 Па, ако тоа не го направите, а нема да го направите, тогаш, навистина, чувајтесе од огнот кој за неверниците е подготвен, чие што гориво се луѓето и камењата! 
(Сурах Ел Бекара 2 ајет 23-24)

Аллах овој тест постојано го олеснува за луѓето, прво вели: Нека донесат говор сличен на Куранот, потоа донесете десет суриња слични на сурињата од Куранот потоа вели: Донесете едно суре слично на Куранот и во последниот случај вели: донесете суре да симулира да биде приближно слично на сурињата од Куранот,  Арапскиот збор користен за слично е
мисли а во Сурах Ел Бекара Аллах вели мим мисли приближно слично.

И потврдно вели дека нема да донесат, исто како во случајот со Еби Лехеб, и случајот со евреите ,во подполно иста ситуација , Аллах ги предизвикува  сите луѓе кои се сомневаат во Куранот, па нека повелат сите оние кои се при сомнение!

И немуслиманите Арапи се чувствуваат мизерно!
Не дека не се обиделе, се обиделе и тоа многу пати, но секој од тие обиди завршил со неуспех, еден од нив е една книга напишана како одговор на предизвикот даден во Куранот, и на самиот почеток се поништува се, а зашто?

Затоа што почнува вака:
Бисмиллахир рахманиррахим, вака почнуваат сурињата во Куранот, што значи дека е копија а не одговор на предизвик...
Аллах с.в.а го дава својот збор дека луѓето сигурно нема да донесат такво суре, а од досегашните безуспешни обиди, од луѓето кои се обиделе, знаат дека навистина неможат да донесат, и подполно немоќни се во тоа.

Во Арабија живеат повеке од 40 милјони арапски христијани, кои се родени таму, Арапскиот јазик им је мајчин јазик, и никој од овие христијани не одговорил на овој предизвик даден во Куранот пред 14 векови, не одговараат ни денеска, а нема да одговорат ни во иднина (ИншаАллах)
Но сега размислувате дека ова е само за арапите, а не и за нас! па како можеме ние да одговориме кога арапски не ние мајчин јазик?

Дури и за вас Куранот има  (фалцификат тест) и за сите луѓе на оваа земја Куранот има тест!       Во кој се вели:   Зошто оние не размислуваат за Куранот?   Да беше тој од некој друг, а не од Аллах, во него ќе најдевте сигурно несогласија големи.  (Сурах Ен Ниса  4  ајет 82)



Аллах с.в.а во ова Суре ни кажува дека: Ако за било која книга се тврди дека е од Семоќниот Господар, таа книга е слободна од контрадикторности, не смее да има ни една грешка или несогласност, зашто не е особина на еден Бог да греши или да кажува несогласија,невистини апсурди и тн. Па сега дадена ви е шансата на сите, вие кои мислите дека Куранот не е збор Божји, да го докажете тоа! 

Најдете една единствена контрадикторност, една единствена грешка во Куранот и ќе го докажете Куранот грешен!       

Знам дека има луге кои пробале да го направат овој тест, и даваат примери на грешки од Куранот, Но верувајтеми секој еден од нив, 100% или има недоразбирање или погрешно преведување,или недоволно познавање, само немат факт да докаже дека Куранот содржи контрадикторност во себе, па повелете обидетесе и докажете си што е вистина а што не.
За луѓето кои ке одговорат на овој тест, дозволете да ви дадам мало упатство.   . Пример:   Има исламски научници кои се добри во историја на ислам, но во полето на Тефсир (коментар) на Куранот не се специјализирани, или компетентни да дадат комплетен осврт на таа тема, и сега ако некој од вас отиде до исламски авторитет кој е специјализиран за историја на ислам и му докажува научна грешка во Куранот, и тој поради неговата нестручност во таа област, не може да одговори на прашањето, тоа не значи дека го докажавте Куранот грешен.
Ако сакате тоа да го докажете, треба да одите кај исламски научник кој е специјалист во полето на научни факти.  

Исто како: кога човек со фрактура на својата нога, ние го носиме на Ортопедија, на клиника која е специјализирана за повреди од тој вид, неможе тој човек да го однесеме на Кардиологија, знаеме дека Кардиологија е клиника за срцеви болести.

Е ако и тој специјалист во тоа поле неможе да ви одговори на вашето прашање, тогаш сте го докажале Куранот грешен, дека не е збор од Семоќниот Аллах.
Значи ако забележите научна грешка треба да дискутирате со исламски научник од тоа поле, ако имате прашања за значењата, мислењето на некој збор, треба да се обратите кај човек кој е специјалист во полето на Арапскиот јазик и тн.

После овие логични објаснувања, ни еден човек кој верува во Бога не може да рече дека Куранот не е збор на Семоќниот Аллах с.в.а  ,не човек кој воопшто не верува во Господ (атеист) току било кој човек од било која религија кој има здрав разум, не може да противречи на овие факти.        Но сите Атеисти,   тие кои не веруваат во Господ,   Го имаат моето посебно честитање, им честитам!    

Зашто им честитам?    

Затоа што тие ја користат својата интелегенција, ја користат моќта на размислување, многу од луѓето во светот кои веруваат во Господ, веруваат слепо, веруваат во Господ само затоа што нивните родители веруваат во тоа, некои христијани се христијани, затоа што нивните- родители се христијани, некои муслимани се муслимани, затоа што нивните родители се муслимани, вакви личности  слепо веруваат.
Атеистите ја корисатат логиката, тие атеисти кои живеат во религиозни области, размислуваат: како е можно луѓево околу мене да веруваат во Бог кој има човечки особини?
Како можам да верувам во некој кој е сличен на мене?  и затоа одбива да верува во вакви Богови, и вели нема Бог!

Зашто моето специјално честитање до Атеист?

Затоа што тој го искажува првиот дел од шехадетот, вели
ла илаха (нема бог) им недостасува уште да го кажат вториот дел од шехадетот  иллеАллах (освен Аллах), кој ќе го кажат ИншаАллах,  штом се сложува со првиот дел од Шехадетот, одбива да верува во Богови кои имаат човечки особини,  наша должност сега е да му ја кажеме вистината за Богот кој е единствено достоен за обожавање, за  Аллах с.в.а.

Моментот кога Атеистот ќе ми рече дека нема Бог,   јас му поставувам прашање, која е дефиницијата на еден Бог?,    што мисли кога вели Бог? 

и тој има одговор,   ... знаете зашто?...  - пример ако за една книга, ви речам дека е молив,   тие од вас што ќе ми речат дека тоа не е молив, туку е книга, тие ја знаат дефиницијата на една книга, и одбиваат да веруваат на моето тврдење дека тоа е молив.

Која е дефиницијата на една книга?  те. која е дефиницијата на Бог?   Атеистот ја знае дефиницијата на Бога, па затоа тврди дека нема Бог , бидееќи представените Божества имаат особини недостојни за еден Бог, и одбива да верува, во што има подполно право, и вели: овие луѓе околу мене кои се молат на Богови кои имаат човечки особини, за мене е не прифатливо и не верувам во Богови со човечки особини.

Јас му велам: дури и јас не верувам во такви Богови, затоа што концептот на Бог кој го веруваат тие луѓе е погрешен концепт.   Значи атеистот не верува, и јас како муслиман не верувам во погрешни концепти на Бог.   Во моментот кога се сложувам со него,му го давам правилниот концепт на Бог, и му поставувам прашање:

Да предпоставиме дека тој Атеист, има лоша слика за Исламот, верува дека Исламот е лоша религија, дека е религија поврзана со тероризам! дека не и дава право на жената! дека е религија која е во контрадикторност со науката!

И ако тој одбива ислам заради ова,   јас му велам дека, и јас одбивам вакви религии, кои не и даваат право на жената, кои се поврзани со тероризам, кои се во контрадикторност со науката.   Но во исто време му ја корегирам сликата на исламот и му кажувам дека: исламот е милостива религија, исламот е религија која нема никаква врска со тероризам, Аллах с.в.а во Куранот      
.... Ако некој убие некого кој не убил никого, или некој кој на земјата неред не прави -како да го убил целото човештво, а ако некој биде причина да нечии живот биде спасен- како да сите луѓе ги спасил...
(Сурах Ал Маиде  5 ајет  32)
Ајет во кој Аллах с.в.а ни кажува дека убивање на невин човек е голем грев, што пак докажува дека исламот нема никаква врска со невистините кои му се препишуваат,  тероризам значи бесправно убивање или малтретирање , угнетување на невини луѓе, па човек кој за себе тврди дека е муслиман, и живее според Куранот не може да направи акт кој е несвојствен за исламот.   Куранот најстрого забранува убивање на невини луѓе, па секој верник муслиман кој живее според законите на Куранот,  далеку е од невистините кои му се препишуваат, те. муслиман неможе да направи терористички акт! А доколку би направил Аллах му кажува дека за него има пекол, има грев како да го убил целото човештво.

Во вториот дел од ајетот ни се дава дознаење за милоста и залагањето на секој муслиман да биде причина за нечии живот да биде спасен, со тоа да заслужи Аллхова награда иншаАллах.

Извонреден ајет кој забранува тероризам
и воедно наредува милосрдие, па секој читател нека им суди на муслиманите според Куранот, те. според ајетов кој го цитирав, а не да му се суди на исламот според муслиманите, ова е сосем погрешно мислење.

Исламот  и дава еднакво право на жената, да напоменеме еден пример:
Мухаммед. с.а.в.с рекол:  Најдобар од вас е оној кој е најдобар со својата сопруга!!!

Што значи, жената како сопруга има највисоко ниво на респект и на почитување од страна на мажот, и повторно ќе напоменам не судете му на исламот според муслиманите, туку судете им на муслиманите според исламот
! Па во случајов исламот вика: Најдобар од вас е оној кој е најдобар со својата жена!!! Секој муслиман кој следи Куран и Суннет, би се придржувал на законите на исламот, и никогаш не би ја навредил својата жена, нити би и нанесол било какво зло. Исто така кога Европа чмаеше во мрачната доба пред 14 векови Арабија водена од Исламот цветаше во секој поглед, па така и правата за жената како „Право на избор на свој брачен другар; Задржување на нејзиното презиме при стапување во брак; Право да поседува имот, да раководи со некој бизнис, да се образува, да прима подеднаква плата за подеднаква работа; Да наследува имот, и право на развод во случај на запоставување или малтретирање; Да учествува во сите форми на обожување во кои учествува мажот.

Исламот  ги гарантира овие права, меѓу многуте други, уште пред 14 векови , права кои на жената од западот сеуште и недостасуваат.
А за мајката рекол: Рајот (џеннетот) на секое дете е под ногата на мајката.
Со овој хадис Мухаммед с.а.в.с ни дава дознање дека децата мораат да и посветат посебно внимание и респект на мајката доколку сакаат да заслужат рај (џеннет)
Исламот не е во конфликт со науката, туку е во паралела со науката, кој факт и да донесе науката Куранот го содржи тој факт уште пред 14 векови, што ќе докажеме во следнив текст...
Сега доаѓам до концептот на Аллах с.в.а    Најдобар концепт за Бога  даден во Куранот е Сура Ихлас 112 каде се вели:                                                                                                   .                   Ел Ихлас 112 каде се вели: 

Кажи: "Он, Аллах, еден е!  Аллах Засолниште. Не роди и не е роден, и никој не Му е рамен!
Ова е дефиницијата на Аллах во Исламот: дека Аллах е Еден и единствен, нема друг Бог освен него ; дека е апсолутен, нема почеток и нема крај дека помага а нема потреба од помош ;  дека не  е роден и дека не родил никого, дека нема Единородени деца ; и дека никој нему е рамен, нема ништо нему слично на овој свет, не споредлив е со ништо на овој свет! 

Во моментот кога ќе Го споредиме со било што, тоа нешто постанува НеБог,  затоа што на овој свет нема ништо нему слично. За секој еден за кој се тврди дека е Бог, ако ги исполнува овие 4 критериуми, за нас муслиманите тој е Бог, тој е Аллах с.в.а.  
А кој може да ги има овие особини овие атрибути освен Аллах с.в.а
Кои се вашите кандидати? донесете ги еден по еден, сите да ги сатвиме на овој тест!       Хиндусите тврдат дека Багван Ражниш!  тој е Бог!  добро, ако е тој Бог, дај да го ставиме на тест.  

Првиот критериум е Аллах еден и единствен!  Багван Ражниш?... 
постојат илјадници како него! но ќе му дозволиме да пројде на првиот тест.

Вториот тест Аллах
свратилиште на секој, а дали некој ќе се врати кај Багван ражниш,Аллах апсолутен, нема почеток нема ни крај, помага а не му е потребна помош.  Багван Ражниш?   е човек кој пател од Астма,кога неможел да си помогне себеси,тогаш како ќе ми помогне мене? кога ја посетил Америка, бил представуван од Американската влада, Замислете Бог да биде претставен од некоја влада...?  и потоа по наредба на претседателот е истеран е од Америка, и тогаш кажува дека сакале да го отрујат!                    Замислете Бог да биде отруен....?      

Третиот тест  Не е роден ниту родил некого!   Багван Ражниш, имал и мајка и татко, роден бил на 11.12.1931 год.  умрен е на 19.01.1990 год.

Но на неговата надгробна плоча пишува: Багван Ражниш, никогаш роден никогаш умрен, земјата ја посетил од 11.12.1931год. до 19.01.1990 год.
ова му го напишале неговите следбеници, а не напишале дека: не бил примен да  посети 21 земја во светов, дека од некои земји неможел да добие виза...                                                                                            .                  

Замислете на Господ да му треба виза за земјава која е негова....?
И последниот тест е: Нема ништо нему слично на овој свет. Во моментот кога ке го споредиме со било што, илли ке речеме поголем е за 100 пати или 1000 пати и било колку да речеме, таа споредба го прави да не е Бог, Нема ништо на земјава како него!
Исус (Иса а.с.) нема да го ставиме на овој тест бидееќи никаде во Библијата ама баш на ниедно место не постои цитат каде самиот Исус вели Јас сум Бог или верувајте во мене  препишувањето Божество на Исус е од страна на некои Христијани кое е базирано само на толкувања,и своеволни верувања но воопшто нема јасен доказ во Библијата, дека Исус е Бог. Но за оние кои мисалт дека Исус е Бог, еве што вели  Исус во Евангелијата:                                     ..Мојот отец е поголем од мене.                     Евангелие според Јован       14 (ред 28)                        .       ...Мојот отец е поголем од сите...                     Евангелие според Јован         10 (ред  29)                           .              јас истерувам бесови со духот Божји... Евангелие според Матеј 12,(ред 28)       .                                     ...Со прст Божји ги истреувам бесовите...     Евангелие според Лука     11 (ред 20)


Но Јас ништо неможам да правам Сам од Себе: Како што слушам така судам, и мојот суд е праведен, оти не ја барам вољата Моја. а вољата на Отецот кој ме пратил
.   
(Ев. Јован 5 ред 30)             
Па, кажетеми каде во овие редови Исус вели дека он е Бог? За факт во сите редови вели дека се што поседува сето тоа е од Бога дадено, и вели дека самиот од себе неможе да направи
ништо , доколку би бил Бог, што би го спречило да каже дека е Бог?  
Исто така ако би го ставиле Исус на тестот од сурах Ел Ихлас, би паднал на сите критериуми, Исус, е роден од мајка Марија,  како може Бог да биде роден? Што правел додека бил бебе???

После овие дадени аргументи, некои Атеисти може да
се сложат и да веруваат, но повеќето од нив не се сложуваат и велат: ние не веруваме во вакви дефиниции, ние веруваме во Наука, во научни факти, денес е време на наука и технологија, докажини научно дека има Бог и ние ке веруваме во тој Бог.

Во потполност се сложувам со ова размислување, и факт е дека денеска е време на наука и
технологија.  Куранот содржи во себе многу научни факти и податоци, но нема јас да му кажувам на атеистот што има Куранот!  Туку му поставувам прашање:
Можеш ли да ми кажеш, која е првата личност, што може да ми го каже механизмот на непознат обиект???
Претпоставуваме дека пред очите на една личност, се поставува некој обијект, (машина), до тогаш невидена од неговите очи, прв пат гледа таков објект, и го прашувам: 

која е првата личност што може да ни каже како работи овој објект, оваа машина, да ни го објасни механизмот на функционирање на оваа тебе предочена машина?

Ова прашање е поставено на илјадници атеисти, и по малку размислување го даваат нивниот одговор, дека прва личност што може да ни каже како работи тој објект е: Тој што ја направил таа машина, Креаторот на таа машина, иноваторот на таа машина. Верувајтеми 99% од атеистите на ова прашање го даваат истиот одговор : Креаторот, иноваторот, и тн.  
И се сложувам со него, и бидеќи верува во научни факти  повторно го прашувам:
Како нашиов свет, земјава дојде до егзистенција, како се оформи целава вселена, и се што постои во космосот?   И тој има научен одговор и вели: целава вселена на почетокот била материја во ворма на гас, потоа следувало Биг Банг (големиот удар) од кој се оформиле сете галаксии, планети, и нашава земја! 

Јас го прашувам од каде ти е ова,    од каде го знаеш? 
И тој одговара: ова се стабилни факти на науката!!

Каде ги научи,  овие факти? и тој вели дека овие факти ги докажа науката! кога ги докажа науката, во денешни времиња 50 до 100 години наназат.  

И да предпоставиме дека има добро образоване и ми вели дека: во 1964 год. Арно Пензис и Роберт Вилсон ја добиваат Нобелова награда за разоткриванјето на Биг Банг теоријата.   
Според Стивен Хокинс, кој е еден од најдобрите научници во ова поле вели:

Дека Биг Банг теоријата е најголемото откритие на нашиов век, кое откритие ни даде правилна слика на гледање, за настанувањето на универзумов.
И му кажувам дека се согласувам со него, ако вели дека е факт, добро прифаќам дека е факт!   

Но дали можеш да ми кажеш кој го напиша ова во Куранот пред 14 векови:
Не гледаат ли оние кои не веруваат дека и небесата и земјата беа, навистина, една целина па Ние ја раздвоивме.  (Сурах Ел Енбија 21 (ајет 30) 

Што значи дека Аллах с.в.а во овој ајет ни кажува за Биг Банг теоријата и вели дека на почетокот земјата и небесата беа една целина а потоа ние ги разделивме.   Но Куранот дава уште по прецизни објаснувања и вели:
 Потоа се упати кон небесата а тие беа како магла, и им рече, и ним и на земјата: Дојдете , сакале или не сакале:  Па рекоа:  Доаѓаме сакаеќи!      (Во Сурах Фусилет 41  ајет 11-12)

Зборот користен за магла, во Куранот е духан кој значи (чад, магла)
  кој  збор е  научно покоректен, отколку  Гас.

И го прашувам: како може мојава книга Куранов пред 14 векови да зборува за Биг Банг теоријата?  а ти ми кажуваш дека оваа теорија е откриена во денешно време.

Кој му кажал на Мухаммед с.а.в.с да напише вакво нешто во Куранот, кој?
Но природата на атеист не дозволува да се откаже на првиот добиен факт, и вели дека, можеби само погодил!   добро, нема да го предизвикувам затоа што сакам да му докажам правилно гледање на работите, здраво анализирање и сваќање за Бога.

И повторно му поставувам ново прашање? 
Земјава на која живееме, каква форма има ???
И тој ми одговара дека: во по ранешни времиња се верувало дека земјата е рамна плоча, некои верувале дека е плоча која ја носат три големи китови.

Но во денешни времиња, технологијата ни докажа дека земјава има топчеста форма јајцевидна форама.
  Пред да му поставам прашање од каде го научил ова го надополнувам дека: црквата ги осуди на бесилка  Галилео Галилеј и Џордано Бруно, само заради тоа што тврделе дека земјата има топчеста форма, спротивно од верувањата на црквата, и сега доаѓам до прашањето:   кога го научи ова? 100, 200 години на назат? 
и повторно по чиста случајност  атеистот има добро познавање на овие факти и ми вели:

Првата личност која докажа дека земјата има топчеста форма е, Францис Дрејк  во 1597год.  И повторно
го прашувам како можел Куранот пред 14 векови да даде ваква изјава:

Не гледаш ли дека Аллах, секако, го вовлекува денот во ноќта, а ја вовлекува  ноќта во денот.
(Сура Лукман 31 ајет 29) 

Вовлекувње мисли на полека, постепено менување на една работа.  Во случајов постпено вовлекување на денот во ноќта и постепено вовлекување на ноќта во денот. Овој феномен не е возможе ако земјава е рамна, само доколку е во форма на топка тогаш е можно денот полека да се вовлекува во ноќта, и ноќта полека да се вовлекува во денот! 
Куранот дава уште по прецизни објануванја за формата на земјава и вели:  
...и Земјата потоа ја израмни    (Сурах Ен Нзиат 79 :30)

Користениот збор во овој случај, за израмни е
Дахаха,  кој збор има
три мислења: едното е израмнување, второто спростирање и третото мислење доаѓа од  зборот Дзуија кој значи јајце, и не се мисли  на нормално јајце туку токму на јајцето од (Ној)  кое има точно форма како земјава, на половите стесната и во средината вширено, а  Аллах најдобро знае!                    . Денес знаеме дека земјава не е точно во форма на топка туку е во средината вширена, а на половите стесната, јајцевидна форма.

Па сега го прашувам: Кој би можел да ги кажува овие работи кои во денешно време се докажуваат со висока технологија, дали оваа технологија ја имал Мухаммед с.а.в.с   пред 14 векови?     И повторно го добивам истиот одговор дека можеби е само добар погодок.

Но и јас исто продолжувам со презентирање на уште повеќе факти: и го прашувам:
Светлината која ја добиваме од Месечината, кој ја дава таа светлина?
И добивам одговор дека: порано се верувало дека месечината има своја сопствена светлина, но денеска науката ни кажува дека Месечината нема своја светлина туку  рефлектира светлината од Сонцето.  И му кажувам дека мојот Куран пред 14 векови вели:

Возвишен нека е Он кој на небесата создаде соѕвездие во кое светилка постави и месечина
осветлена.
     (Сура Ел Фуркан 25 ајет 61) 

Куранот прецизно објаснува дека Аллах с.в.а создаде
месечина осветлена
а не дека таа има своја светлина, туку дека  е осветлена од сонцето, точно како што науката кажува, дека Месечината рефлектира светлина од Сонцето.
И уште еднаш, како е можно Мухаммед да пишувал вакви научни факти пред толку време, дали бил гениј, или овие податоци ги добива од  некоја надприродна сила
Но јас продолжувам со презентирање и на други факти без даму поставувам прашања, и му дозволувам само да ме следи, и му кажувам за колку научни факти зборува Куранот.
Кога јас одев во основно училиште, учев дека сонцето е стационарно! а се друго, сите планети во сончевиот систем се движат околу сонцето, но читаеќиго Куранот сретнав многу интересен податок ,во (сурах: Ел Енбија 21ајет 33)    се вели:                                                                        .                         
И Он ги создаде ноќта и денот , Сонцето и Месечината.
И се во вселената плови .

Арапскиот збор користен во куранот за (плови) е Јесбехун – плови, ротира, се движи,               Овој (ајет) дава објаснување дека се што е во вселената плови дури и сонцето, но на училиште го тврдеа спротивното, и сега се доаѓа до прашањето, дали Куранот има научна грешка или пак науката имаше теорија а не факт?

Елхамдуллилах(Фала му на Бога), науката во тоа време имаше теорија, а денес има факт и го докажа тоа што Куранот го изјави пред 14 векови, дека за време од 25 дена сонцето прави една ротација (движење) околу својата замислена оска, и ако имаме моќен телескоп можеме сонцето да го донесеме на маса и да го набљудуваме, и ќе забележиме дека сонцето има една црна точка во средината, и таа точка за да се врати на истото место потребни и се 25 дена, што докажува дека сонцето ротира околу својата замислена оска.

  ... И Се што е живо Ние од вода го создадовме. Не веруваат ли?     Сурах Ел Енбија 21 (ајет 30)
 Куранот пред 14 векови вели дека се што е живо Ние од вода го создадовме, денес науката ни кажува дека секое живо суштество на земјава, во себе содржи од 50 до 80% вода.                 .     Па кој извор има Куранот ако размислувате?

Замислете во пустината на Арабија.., кој би можел да помисли дека се е створено од вода?   

Ако Мухаммед с.а.в.с  погодувал, ова никогаш не би можел да го погоди, се би му паднало на памет, но дека се е од вода?..
                  Одлучете самите колку ова е возможно.

И после сите овие презентирани докази, Атеистот е знемен, неможе да отвори уста повеќе, затоа што тој беше човек кој верува во наука, па еве му дадовме наука од Куранот,

Па кој извор има сега Куранот ???
    Но сето ова ќе го крунисам со уште еден научен тест!
Во Математиката има тест кој се вика Теорија на веројатност.  Да предпоставиме дека имам две можности едната е точна а другата е грешна, шансите да погодам која е точна  се 50% - 50%  бидееќи имам само две можности, и ако имам уште една трета можност  тука шасите се 25 %  

Ако на овој тест го ставиме Мухаммед с.а.в.с. Можноста да погодил дека се е од вода створено, шансите му се 1 према 10 000 затоа што има 10 000 други можности: земја, метал, минерали, и многу други елементи се до  10 000.
Можноста да погодил дека месечината нема своја светлина шансите му се 1 према 2 те. 50%

Шансите да погодил за земјата дека има форма на топка му се 1 према 30 зашто постоеле различни верувања во тоа време, некои верувале дека земјата е петтоаголна некои дека е рамна, некои верувале дека е во ворна на осмограм и тн. Шансите во сите овие случаи

Мухаммед с.а.в.с да погодил  се:
1према 10 000 врз 1 према 2 врз 1 према 30 или поточно 10 000 х2х30 (нули) па потоа 1 или ...0000000000000000000000000000,1 %  се шансите за погодок
нешто проближно до (0)не самата (0) Но во теоријата на веројатност шансите се (0) дека би можел да погоди.

Што значи дека според науката Мухаммед с.а.в.с не можел никако да погоди што пак докажува и потврдува дека Куранот има извор единствено од Господарот на световите , Семоќниот Аллах с.в.а




Аллах да ми опрости ако во моите презентирања или објанувања на Ајетите погрешив, ова беше само едно објаснување за појасно сваќање на Аллаховата книга Куранот, но секако дека Аллах најдобро знае!!!




No comments:

Post a Comment